
Сопиште бара споменикот на Ќосето да биде поставен во општината
Откако град Скопје го тргна од пред Врховниот суд, општина Сопиште ќе го посвои споменикот на Андон Јанев Ќосето. Бара од донаторот на споменикот Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради да им го отстапи споменикот. Со 6 гласа за и 4 против беше изгласна точката на денешната седница на општинскиот советот, каде локалната власт ја има ВМРО-ДПМНЕ. Се планира вооружениот Ќосе да го исправат кај кружниот тек во Сопиште од каде се дели патот кон Сончев град.
Советници од СДСМ гласале против поставувањето на Ќосето поради финансиксиите импликации, но и за да не се создаваат раволт и поделби меѓу населението во општината.
Во ситуација кога општината е со блокирана сметка за СДСМ неприфатливо е да се финансира постапмент за Ќосето, од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека ќе барале донатори.
Против гласал и советникот од ДПА, но тој е зачуден зошто неговиот колега од Алијанса за Албанците го подржал преселувањето на Ќосето во нивната општина.
Сопиште под снежната покривка денеска беше тивко. Малкумината граѓани кои ги сретнавме, не знаеа за одлуката на нивните власти да постават споменик на Ќосето и ги потенцираа актуелните проблеми со секојдндвното живеење.
Споменикот од центарот на Скопје беше отстранет пред 5 дена и однесен во кругот на фабриката МЗТ од каде донаторот треба да си го земе. Дали Ќосето ќе добие нов дом, одговор не добивме од Претседатлеот на здружението Сетинци, Попадинци и Крушоради.
Елена Ивановска Мукоска