Вести СОНК заседава за владината понуда за зголемувањето на платите од 10%
Советот на СОНК во моемнтов има седница на која присуствува и министерот за образование Арбр Адеми. На седницата се разгледува вчерашната владина понуда за 10% зголемување на платите во образованието која би се реализирала во април наредната година.
Три часа траеа преговорите меѓу министерот за образование Адеми и премиерот Заев од една страна и претседателот на СОНК од другата. Според официјалните информации на средбата се анализирале финансиските можности на државата односно колку максимално може дас се покачат платите а заедничката оценка е дека преговорите биле конструктивни.
За министерот Адеми ова е историско зголемување на платата во образованието. Тој наглчаси дека не се далеку од барањата на СОНК од 25 отсто бидејќи лани и годинава платата била зголемена за по пет отсто и со најавеното би се достигнале 20 отсто.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, смета дека владината понуда не е лоша, но секогаш може повеќе. Тој потврди дека со најавено зголемување речиси се изедначува нивното барање. Сепак останува советот на СОНК да одлучи дали ќе ја прифати владината понуда или не. Најавениот генерален штрајк ќе зависи од одлуката на членството и советот на СОНК. Доколку понудата од 10 отсто не биде прифатена штрајкот би почнал наредниот месец.
Според синдикатот просечната плата на наставничкиот и професорскиот кадар во основното образование е 21.600 денари а 22.500 денари во средното образование а кај помошно техничкиот пресонал е 13 илајди денари.



