СОНК: Скандалозна е иницијативата на рекотрите да формираат засебен синдикат
Скандалозна е иницијативата на рекотрите да формираат засебен синдикат на ниво на факултетите, реагираат денеска од Синдикатот за образование, наука и култура.
Сметаат дека таа одлуката е скандалозна и е против законот за работни односи.
Се сомневаат дека идејата е синдикатите да се занимаваат со себеси, до изборите, и да не го потпишат колективниот договор со кој треба да добијат 10 насто повисоки плати или дека нема пари во буџетот за да се обезбедат нивните барања.