СОНК : МОН не смее да се оградува од потпишување колективен договор во високото образование

Вчерашното соопштение на МОН е оградување од одговорност за потпишувањето на колективниот договор во високото образование. Во текстот никаде не прочитавме дека СОНК е репрезентативен синдикат и дека само тој има право да потпише колективен договор. Потписниците на договорот сега се упатуваат на пониско ниво , велат од СОНК.

  • Значи не смее да ги упатуваат потписниците на подолно ниво, односно на ниво на работодавец. Зошто? Затоа што МОН и СОНК можат да потпишат колективен договор и требаше до сега, вклучувајќи се и себе си како СОНК, да потпишеме на ниво на сектор, односно гранка, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Реакцијата на СОНК доаѓа по вчерашното соопштение од МОН, во кое се вели дека поради тоа што во моментов не постои склучен Грански колективен договор за високото образование , согласно Законот за работни односи, единствен начин за исплата на покачените плати, е да се склучи договорот на ниво на работодавач. Од СОНК признаваат дека до сега не успеале да го потпишат колективниот договор зашто, како што велат, без да прецизираат, некому така му одговара. Во новите , за нив , чудни околности, препознаваат усложнета постапка за докажување на репрезентативност на работодавач. Велат дека СОНК има решение за репрезентативност од јануари минатата година, потпишано во министерството за труд и социјала. За надминување на проблемот, очекуваат состанок во МОН. Од таму одговараат дека продолжува соработката со сите синдикални организации и дека во најскоро време ќе се сретнат.

За иницијативата за формирање нов синдикат за високо-образовните институции во земјава, негодуваа и од Независниот академски синдикат. Со потпишувањето на колетивниот договор во високото образование, ќе се овозможи зголемување на платите на вработените од овој месец , за 10 %, а во институтите за 25 %.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ