
СОНК кажа НЕ за 10 понудените 10 % проценти покажување на платите на просветарите
Училиштните звона ќе стивнат, учениците и студентите ќе останат дома, а наставниците и професорите ќе ја прекинат наставата заради генерален штрајк. Ова сценарио е планирано да се случи на 11 ноeмври, а го најави најголемиот синдикат на просветните работници доколку владата не одлучи да им даде наместо 10,20% проценти покачување, и наместо април платите да скокнат од први јануари.
Oдгoвор стаса и од премиерот Зоран Заев пари нема бидејќи не планирал трошоци за просветарите поголеми од 10 проценти од минималната плата.
Во законските 15 дена за помирување владата да вети исполнување на колективните договори, да најде пари за К-15 и за дополнителите часови работа. Најавениот прекин на наставата доаѓа по најавата за избори и техничка влада иако Неделков тврди дека оваа одлука не е уцена ниту притисок. Прашан дали учениците ќе трпат доколку штрајкот се одолговлечи, Неделков им вети настава, но не и план како и кога ќе се надоместат пропуштените часови.
На СОНК му се брза, бидејќи сака, а и добиле ветување од премирот дека за нив и нивните барања ќе има пари во буџетот за 2020-та кој се гласа во декември. Синдикатот за Образование, наука и култура организираше предупредувачки штрајк на првиот училишен ден, поради што почетокот на учебната година започна со еден ден задоцнување. И да добијат повисоки плати, просветарите и владата ќе мораат да седнат на маса и да разговараат што ќе се прави со вишокот вработени во училишта во кои и воопшто да нема ученици.
Павле Беловски