СОНК и Конфедерацијата на слободни синдикати денеска најавија голем социјален протест во сабота

Покачување на платите во јавниот сектор, согласно процентот за колку е зголемена минималната плата, истата да започне од јануари годинава, потоа исплата на К- 15 за јавната администрација и да се стопира тансферот од јавен во приватен сектор, бараат СОНК и Конфедерацијата на слободни синдикати коишто денеска го најавија големиот  социјален протест  во сабота, на плоштадот „Слобода“ во Штип.

Ги повикаа и ресорните министри да дојдат во Штип, каде што директно ќе ги слушнат барањата и состојбите во јавниот сектор и образованието

Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски се надева дека токму  во сабота училиштата  нема да имаат закажано наставнички совети и семинари, какво што им било  искуството од минатиот протест на 15-ти декември во Прилеп.

Синдикалистите  сметаат дека барањата им се легитимни и согласно законите.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ