
СОНК го стави штрајкот во мирување до конечната понуда од МОН за покачување на платите
Седницата на Советот на СОНК, што денеска се одржуваше зад затворени врати и на која се носеше одлука за најавениот генерален штрајк на просветните работници во понеделник, доби поинаков тек. Во нивните простории дојде министерот за образование и по кратка консултација, од СОНК најавија дека донеле одлука да го стават штрајкот во мирување, до добивањето конечна понуда за покачување на платите од МОН.
- Таа одлука се базира, врз основа на анализите кои што МОН и министерот ни ги доставија. Тоа е дека за зголемување на платите , од 01.01.2020 година, им се потребни уште неколку денови на министерот и на МОН. За да конечно се обезбедат сретства кои што ќе ги задоволат нашите барања, соопшти претседателот на СОНК, Неделков.
Министерот за образование и наука рече дека тие се залагаат за подобрување на материјалниот и на социјалниот статус на вработените во образованието. Верува дека ќе се донесе решение што ќе ги задоволи двете страни. За таа цел, министертвата за образование и за финансии сега работат на обезбедување сретства за покачување на платите од јануари, потенцира министерот.
- Пред извесно време помина информација на влада, е усвоена информација на влада , за покачување на платите за 10% од 1 април. Сега за тоа не дискутираме. Сега дискутираме за покачување на платите од 01. јануари. И ова поместување во смисла на моментот од кога ќе се пресметува третото покачување на платите во дејноста образование, секако дека е неопходно да се обезбедат сретства. И на тоа работиме, рече министерот Адеми.
Адеми го покани членството на СОНК , утре во МОН на , како што рече, последна рунда пријателски и конструктивни преговори. СОНК и Владата одржаа три состаноци на кои се преговараше за зголемување на платите во образованието. СОНК бараше покачување за 10% од јануари , а владата го нудеше тој процент од април. Од август 2018 до сега, платите во образованието беа зголемени за 10, 8% и со новите 10%, СОНК ќе се приближи до над 21% од бараните 25, кои ги темелат на истиот % на зголемување на минималната плата во државата, во последниве години. Поради неисполнетите барања, СОНК одржа предупредувачки протест на 2 септември.
Сотир Трајков