Сончево и многу топло до 38 степени

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец ќе преовладува денеска во земјава.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје сично време со минимална температура до 19 и максимална до 35 степени.

До утре ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Веќе во четврток и петок ќе има појава на попладневна локална нестабилност, а поинтензивна нестабилност со врнежи пороен дожд проследен со грмежи ќе има за време на викендот. Тогаш и дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ