Сомнителен случај на корона вирус на скопска инфективна

Министерството за здравство околу полноќ објави соопштение за сомнителен случај на корона вирус КОВИД 19 кој е примен на Инфективна клиника и во моментот се вршат испитувања.

Пријавениот денеска стигнал од Милано но немал симптоми на аеродромот. Резултатите ќе се знаат за два часа.

-Ја информираме јавноста дека во моментов на Инфективната клиника во Скопје се врши тестирање на корона вирус на едно лице со симптоми на грип. Пациентот има лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна, соопштија доцна вечерва од МЗ.

-Се работи за лице кое денеска со попладневниот лет од Милано пристигнало во Скопје. Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. И самиот пациент, првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22:00 часот.

Од неговото пристигнување на клиниката, пациентот е ставен во изолација, а во моментов кај него се прават тестови согласно утврдениот протокол. Резултатите се очекуваат во следните два часа, за што веднаш ќе биде известена јавноста.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ