
Солунскиот суд утре ќе одлучи за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски
Судот во Солун, утре треба да соопшти дали ќе бидат екстрадирани поранешните разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција. И двајцата се обвинети за масовното прислушување и за уништување на опремата за прислушување, а беа фатени на аеродромот во Солун, кога со лажни пасоши сакаа да заминат во Будимпешта.
Одлуката дали ќе бидат испорачани во Македонија веќе е донесена, и таа требаше да биде соопштена на 22-ри декември, но тогаш, во судот во Солун немаше преведувач на македонски јазик.
Тие побараа од судот да не бидат екстрадирани во Македонија бидејќи се плашат за своите животи и сметаат дека нема да имаат фер судење.
И Грујевски и Бошкоски, од тие причини побараа азил во Грција.