Солна киселина истекла од цистерна во околината на фабриката МЗТ во Гази Баба

Солна киселина истекла вчера од цистерна во околината на фабриката МЗТ во општина Гази Баба.

Инспекторите од град Скопје веднаш реагирале и го пронашле сторителот, но на новинарите не им беше откриено за која фирма станува збор.

Инспекторатот на град Скопје додава дека правниот субјект не поседувал елаборат за заштита на животната средина.

Направен е записник за натамошно постапување. Од инспекторатот велат дека фирмата постои 15 години и се занимава за производство и дистрибуција на киселини. Телма дознава дека дозвола за работа извадиле во министерството за здравство. Сега за тоа која од институциите е надлежна за контрола на работата, вината си ја префрлаат министерството за здравство и инспекторатот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ