Собраниски дуел Милошоски-Заев

Нов случај на рекет во Битола или уште една лажна вест? Оваа дилема беше отворена на собраниската говорница за пратенички прашања.

Антонијо Милошоски посочи дека на бизнисмен кој добил тендер за РЕК Битола му биле побарани 250 илјади евра. Побарал заштита од амбасадорот на Белорусија во Белград.

Ние сме чесна Влада, одговори премиерот Заев. Ако му бил побаран рекет, требало да пријави во институциите.

Милошоски го обвини Заев дека дал лажни биографски податоци за советникот Љупчо Зафировски, кого го плаќа 1.200 евра месечно, а тој не лобирал кај претседателот Макрон бидејќи не го ни познава, но има бизнис со Заеви.

Вие ли зборувате за скапо платени советници, одговори со контра прашање Заев.

Дуелот продолжи со реплики: колку пати се сретнал Заев со второобвинетиот Кичеец во случајот Рекет?

Еднаш како што изјави премиерот или повеќе пати, како што открил Милошоски. „Секогаш во придружба на бизнисмени, заради можни инвестиции во земјава“, прецизира првиот човек на Владата.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ