Собраниска пресметка околу Советот за безбедност во сообраќајот

Во СДСМ ништо не се менува: говорат за отворен пристап кон стручни лица и за мостови кон опозицијата, а во сите структури поставуваат партиски кадри. Вака ВМРО-ДПМНЕ реагираше на предложениот нов состав во Советот за безбедност во сообраќајот.

Правите политика од промената на членовите во едно советодавно тело на кои им истекол мандатот, реагираше власта, а петмина од претходниот ссостав остануваат. Тврдат дека разликите во начинот на владеење се видливи, почнувајќи од примерот на Димовски.

Дуелот Димовски – Мисовски продолжи. Опозицијата укажа на конфликт на интереси: Гордана Кожуваровска, магистер по сообраќајни науки, не треба да биде претседател на Советот бидејќи веќе е советничка во општина Битола. Власта негира.

Мнозинството избра 23-ца нови членови. Опозицијата не го прифати Предлогот зна Комисијата за избори и именувања и гласаше против.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ