
СЈО го сомничи Мијалков за уште едно кривично дело во Империја, пратениците ќе му пресудуваат на СЈО
Дали новоотворените истраги на СЈО ќе преживеат и кој ќе ги води во иднина ќе решава собранието преку автентичното толкување на зкаонот за СЈО и рокот од 18 месеци.
Државниот обвинител го испратил барањето за автентично толкување со образложение дека Врховниот суд излегол од надлежностите и создава правна несигурност со начелното правно мислење.
Телоп Барање зa автентично толкување на чл 22 од закон за СЈО
Правното мислење дека рокот од 18 месеци не може да биде пречекорен од денот на приемот на материјалите, очигледно не е дел од законската одредба, ниту произлегува од нејзината и содржината на другите одредби во Законот.
Собранискиот спикер Џафери вели седница за автентично толкување ќе закаже во најкус можен рок но зависи од тоа кога владата ќе испрати мислење. Дел од пратениците кои ќе треба да му пресудат на СЈО се обвинети или осомничени токму од ова обвинителство
И додека барањето на Јовески патува до кај Џафери скопска апелација одржуваше седница за куќниот притвор во Империја на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков.
Токму мислењето на Врховен е еден од клучните аргументи на кој се повикува одбраната со и тврди дека СЈО е неовластен тужител за да бара продолжување на кукен притвор. Посочуваат дека сјо има ограничена временска надлежност и дека е изминат рокот за водење истраги. Дополнително адвокатот Миле Петровски потенцираше дека не постои опасност дека Мијалков би избегал затоа што и претхдно кога се бранел на слобода бил редовен на сите покани од судиите и обивнителите и ги почитувал мерките на претпазливост.
Истрагата за Империја за перење пари и противправно приграбување на имот е проширена и на други лица но и со нови дела за Мијалков одговори обвинитлеката Лиле Стефанова. Таа истакна дека со последното проширување во јануари, Мијалков го истражуваат и за кривично дело измама. Наведе дека се случиле и други промени од претходно- Имотот на членовите на семејството на Мијалков се зголемил по поднесувањето на обвиненијата за Трезор и Таргет но потенцираше и дека екс шефот на УБК има блиски врски со вработени во МВР поради што добил информација дека ке се вршат претреси за Империја и ги информирал осомничените. Обвинитлеката повтори и дека СЈО е налдежно и овластено да ја води оваа истрага.
Одлука од апелација најавија за утре. Претходно не ги прафатија аргументите на Камчев и Панделевски за укинување на куќниот притвор па сега на ред е Врховниот суд дали ке ги се држи до мислењето што сам го донесе пред 2 недели.
Елена Ивановска Мукоска