Собранието утре ќе одлучува за имунитетот на Љупчо Димовски

Единаесеттата седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието ќе се одржи утре со почеток во 11 часот, а единствена точна на дневен ред е барањето за одобрување притвор на пратеникот Љупчо Димовски.

Барањето е поднесено од Основен суд Скопје 1 Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција.

Димовски е под истрага за тоа дека заедно со уште три лица, односно поранешните министри Ацо Спасеновски, Михаил Цветков, како и поранешниот заменик министер Кристијан Делев, во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп.

Триесетдневен притвор попладнево добија поранешниот министер за земјоделство Михаил Цветков и заменик министерот Кристијан Делев, додека на поранешниот министер Ацо Спасеновски заради утврдени здравствени проблеми му е определена мерка куќен притвор.

Одлуката за поранешниот министер Љупчо Димовски, кој е пратеник во Собранието на РМ и се повикува на пратенички имунитет, ќе биде дополнително донесена, соопшти попладнево Кривичниот суд.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ