
Собранието се распушти во недела попладне, власта задоволна ги рекламира своите дела- опозицијата го обвини СДСМ за криминално владеење
На крај од тензичниот и напорен ден по изгласување на дел од законите кои беа на дневниот ред меѓу кои и законот за Јавно обвинителство и законот за одбрана, пратениците изгласаа распуштање на овој собраниски состав.
Пред чинот на гласање, координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески истакна дека сега пред граѓаните е избор меѓу два различни концепти, едниот кој носи напредок и решавање на проблемите, а другиот за кој нема да коментира.
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека владеењето на оваа гарнитура го одбележале криминално однесување на Заев, Спасовски и дека изминатиот период ќе остане запаметен по криминалниот рекет, економските промашувања и лоши резултати, но и пропусти во решавањата на проблемите со соседите.
Спикерот Џафери кој последен зборуваше го потенцираше и гласањето за пристап кон Северно-атлантската алијанса и претстојното членство во НАТО како исполнети ветувања на неговата партија.
На крај сите 108 пратеници гласаа за распуштање на парламентот. Потоа следуваа аплаузи од владеачките, додека опозицијата ја напушти пленарната сала додека пратениците од мнозинството се поздравуваа со Талат Џафери.