Собранието раздвижено и во недела со илјадниците амандмани на ВМРО-ДПМНЕ

Неделa, раздвижно во Собранието. Претпладне почнаа да пристигнуваат собраниските службеници околу пладне и генералниот секретар Цветанка Иванова.

Претседатлеот на Собранието Џафери вели дека 120 службеници цел викенд работат на поднесените над 30 илјади амандамни од ВМРО-ДПМНЕ за законот за употреба на јазиците кој е на ставен на дневен ред за трето читање. Како ќе се постапува во новонастанатата ситуација ќе се дискутира и на утрешната координација меѓу пратеничките групи кај спикерот. Математиките е дека се потребни месеци за да се поминат сите амандамни во Собранието.

Дали се блокира или пак корегира Законот за јазиците и денеска различни ставови меѓу мнозинството и опозицијата. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев вели дека поднеле 4 амандмани, а илјадниците амандмани на опозицијата според него се само уште еден доказ дека оваа партија работи спортивно на државните интереси и единствена цел и е да предизвика нова политичка блокада за да ги закочи реформските процеси.

„Најавата дека ќе се вратат во Собранието само за еден закон, не за да дебатираат, туку за да го блокираат, јасно покажува дека нема интерес за потребите на граѓаните и за напредокот на државата“, кажа Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ.

Од парламентарното мнозинство не откриваат дали има план Б. Велат се разгледуваат неколку опции. Пратеникот Артан Груби од ДУИ е уверен дека законот ќе биде донесен – вели дека намерата на ВМРО-ДПМНЕ е преку блокади да предизвикаат криза за да се седне на преговарачка маса околу нивните нерационални барања

„Апсурдно е и преседан е поднесувањето на толку закони во третотот читање, но истовремено значи и признавање на уставноста на законот. Впрочем и тие пред една година прифатија идентичен предлог закон и затоа сето ова е само хипокризија. Со ова ВМРО ДПМНЕ не го блокира само законот за јазиците, туку реформите и перспективата на граѓаните“, кажа Груби.

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска повторија дека законот е неуставен и штетен и очекуваат СДСМ да го повлече и да ги прифати забелешки. Велат илјадниците амандмани не ги поднеле за да го блокираат Собранието. Обвинија дека некој од собраниските служби вчера ги фрлил амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и бараат да се спроведе истрага.

Пратеничката Ивана Туфегџиќ вели, опозицијата има право да ги користи сите парламентарни механизми вклучително и илјадници амандамни за да покаже несогласување со одреден закон, ама вели дека не разбира зошто шират лажни вести, параноја и ги злоупотребуваат службите. Според неа најверојатмо се работи копии на амандмани.

Од Собранието ги негираат обивнувањата, но детален став и одговор најавија за попладнево.

Ова е рекорден број на поднесени амандмани. ДУИ во 2012 поднесе 15-тина илјади амандамни на законот за бранителите, а Џафери тогаш во собраниските комисии молчеше или читаше поезија.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ