Собранието почна да ги носи законите кои треба да стапат на сила од 1 јануари

Со расправа, но генерално без гласање од страна на опозицијата, денеска во Собранието се носат законите од социјалната, здравствената и финансискои сфера кои треба да почнат да важат од 1 јануари. Деблокадата на собранието не помина без реакција ниту од власта ниту од  опозицијата.

„Блокада од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема. Единствениот аргумент за бегство од избори на господинот Зоран Заев е тргнат. Избори ќе има“, рече Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„До овој момент седницата се движикамо што треба секогаш да се движи. Не гледам дека има некаква намера за блокада, но  пред нас има уште многу точки. Треба да се отвори 123. седница“, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа за само четири закони во претпадневата сесија, додека за другите закони дебатираа и реплицираа.

„Со задоволство ќе ги гледам пратениците што гласаа за прогресивен данок сега како ќе се посипуваат со пепел врз себе, сега гласајќи за рамен данок“, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ја напаѓаа владата.

„Со оваа тенденција како што правите, со овие 200-300 закони, догодина ќе ни треба буџет од пет милијарди евра. Ова ви се политики Милка Планинц ’85 и Бранко Микулиќ. Тоа завршува во хиперинфалција и во банкрот“, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ

Но пратениците не гласаа.

Од владеачкото мнозинство пак им возвраќаа дека расправата им е надвор од темата.

„Уште еднаш повторувам по трет пат, тоа вие што го зборувате нема ама никаква врска со постоечкотот законско решение кое што го разговараме. Ниту се зголемува данок, ниту нешто друго. Сосема трето е на дневен ред“, рече Диме Велкоски од СДСМ

Но и честитаа за усвоените закони

„Го решивме проблемот. Нека ви е со среќа стечајни работници. Да сте ми здрави и живи во 2020-та“, рече Самка Ибраимовски од ПЦЕР.

Донесувањето на овие 40-на закони беше условот кој го постави премиерот Зоран Заев за поднесување на негова оставка и одржување на предвремени избори на 12 април. 

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ