Собранието нема да заседава, Пендаровски ќе прогласи вонредна состојба

Претседателот на Собранието Талат Џафери нема да закаже собраниска седница. Откако ќе го добие барањето од Владата за прогласување вонредна седница, ќе го проследи до претседателот Стево Пендаровски, од кого се очекува да го прифати предлогот на Владата. Џафери инсистира на членот 125 од Уставот, со кој е предвидено дека „вонредна состојба се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, но доколку Собранието не може да се состане, одлуката ја донесува претседателот“. Спикерот Џафери смета дека распуштеното Собрание не може да заседава и дека уставот го уредува ова прашање, пренесувајќи ја надлежноста околу прогласувањето вонредна состојба кај шефот на државата.

Според Уставот, одлуката  има важност од 30 дена. Во тој период, Владата носи уредби со законска сила се додека трае вонредната состојба.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ