Собранието на Црна Гора ќе го ратификува протоколот за пристапување во НАТО

Собранието на Црна Гора денеска ќе го ратификува протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.

На пленарната седница ќе присуствува и спикерот Талат Џафери. Тој ќе има средба со неговиот домаќин претседателот на Собранието на Црна Гора Иван Брајовиќ.

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ, во пресрет на ратификацијата на протоколот, изјави дека со овој чекор Подгорица ја потврдува досегашната поддршка за Македонија, која ќе биде дополнителен фактор за стабилноста во регионот и неговата евроатлантска перспектива.

Црна Гора е членка на алијансата од 2017 година.

Протоколот за членство во НАТО прва го ратификуваше Грција, а досега тоа го направија и Словенија, Албанија и Бугарија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ