Собранието ќе избира нови министри

За неколку минути во Собранието ќе започне седницата на која на дневен ред се избор на нови министри во владата, заменици министри, а како трета точка на дневниот ред е предлог-одлуката за распишување оглас за членови на Државната изборна комисија.

Премиерот Зоран Заев до Собранието минатата недела достави предлог за нови министри според кој, за нова министерка за правда се предлага Рената Дескоска, за министер за образование и наука Арбр Адеми, за култура Асаф Адеми и за министер без ресор Бардил Даути.

За заменик министер за надворешни работи е предложен Андреј Жерновски, за заменик министер за здравство Асим Муса, за заменик министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и за транспорт и врски Садик Беќири.

Како нови коалициски партнери во владата влегуваат крилото на БЕСА на Африм Гаши и ДПА, кои имаат министерски места, како и Сојузот на Ромите.

Се очекува на седницата премиерот Заев да го образложи предлогот, по што ќе се отвори дебата. Новите министри треба да бидат избрани до полноќ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ