Собранието го верифицираше составот на ДИК, изгласани законите кои беа услов за опозицијата

Пет минути беа потребни на пратеницте да го изгласаат тоа што лидерите на партиите го догавараа со месеци наназад. Едногласно и без дискусија беше избран новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК) и беа усвоени измените кои ги условуваше опозицијата во Законот за Влада и Законот за финансирање на политичките партии кои беа договорени на лидерската средба во понеделникот.

Имињата на членовите на ДИК се оние кои веќе беа соопштени во јавноста. Претседател на Комисијата е Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ, а потпретседател Дитмире Шеху од ДУИ.

Членови на Комисијата се Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Борис Кондарко, Јанакие Витановски и Радица Ристевска од СДСМ и  Енвер Салиу од БЕСА.

Овој состав на Комисијата има шестмесечен мандат и ќе има ингеренции само околу најавениот референдум за Договорот со Грција.

Со 100 гласа за Парламентот по скратена постапка ги изгласа измените во Законот за Влада на кој жестокот инситираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Со овие измени пред секои наредни парламентарни избори ќе се формира техничка Влада по Пржинскиот модул а премиерот ќе даде оставка на 100 дена пред денот на гласање.

Едногласно но со еден глас повеќе беа усвоени и измените во Законот за финансирање на партиите.

Пленарната седница требаше да се одржи во понеделникот но беше откажана откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ не ја достави листата со кандидати за членови на ДИК а преговорите меѓу пратеничките групи околу законските измени завршија неуспешно.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ