Uncategorized Собранието едногласно го усвои предлогот за разрешување на Катица Јанева
Собранието предмалку едногласно го усвои предлогот за разрешување на специјалниот јавен обвинител, Катица Јанева.
За оваа одлука гласаа сите 102 присутни пратеници, без воздржани и без гласови против. Предлогот беше усвоен и со 27 гласа “за” од припадниците на заедниците кои не се мнозинство.
Катица Јанева во моментов е во притвор како третоосомничена за случајот “Рекет”.
На пленарната седница не се расправаше за извештајот на Советот на ЈО, туку само за предлогот за разрешување на Комисијата за прашања на избори и имемнувања.



