
Собранието едногласно го усвои предлогот за разрешување на Катица Јанева
Собранието предмалку едногласно го усвои предлогот за разрешување на специјалниот јавен обвинител, Катица Јанева.
За оваа одлука гласаа сите 102 присутни пратеници, без воздржани и без гласови против. Предлогот беше усвоен и со 27 гласа “за” од припадниците на заедниците кои не се мнозинство.
Катица Јанева во моментов е во притвор како третоосомничена за случајот “Рекет”.
На пленарната седница не се расправаше за извештајот на Советот на ЈО, туку само за предлогот за разрешување на Комисијата за прашања на избори и имемнувања.