Собранието едногласно го ратификуваше протоколот за членство во НАТО

Собранието на Република Северна Македонија го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО. Без гласови против и воздржани, 114 пратеници гласаа “за” македонското членство во Северноатлантската алијанса.

Оваа ратификација ќе биде со одложено дејство, што значи дека ќе стапи на сила откако и последната од 29-те членки на алијансата, Шпанија, ќе ја изврши ратификацијата во својот национален парламент.

Претходно, во текот на свечената седница, свое обраќање имаа претседателот на државата, Стево Пендаровски и координаторите на политичките партии кои се дел од парламентарниот состав.
Текот на свечената седница го следеа и лидерите на двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ