Со засадување цвеќе основците го одбележаа светскиот ден на планетата Земја

Наместо во училница, основците од Коле Неделковски заедно со група гимназијалци од средното училиште Ѓорѓи Димитров, со засадување  цвеќе,симболично го одбележаа Светскиот ден на планетата Земја.

Целта на оваа акција е децата уште од најрана возраст да ја развијат свеста за зачувување на зеленилото, екологијата и за сите нејзини придобивки за здрава животна средина.

Денот на планетата Земја се одбележува по 49 –ти пат во повеќе од 193 држави.

Обединетите нации со низа манифестации ќе се обидат да мобилизираат милиони луѓе да создадат одржлива, здрава природна средина со озеленување на градовите ширум светот.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ