Со законски измени се укинува банкарската тајна

Цената за автоматското пријавување годишна даночна пријава граѓаните ќе ја платат со укинувањето на банкарската тајна. Управата за јавни приходи не се откажува од намерата да го измени законот за банки и 24 часа да има увид во сметките на граѓаните. На овој начин висината за персoналниот данок ќе се прибира од софтверот, а граѓаните нема да чекаат на шалтерите, вели во одбрана на законските измени директорката Сања Лукаревска.

Ќе се следат уплатите, исплатите, но и депозитите на секој оној кој има трансакциска сметка во некоја од макеоднските банки. До сега со постоечките закони тоа се правело еднократно со писмено барање, сега работата на куририте ќе се замани со електорнски софтевер. Од управата велат дека информациите ќе бидат заштитени и ќе се користат наменски.

Сепaк, одговор нема за можни сценарија за злоупотреба на податоците доколку софетврот е нападнат или инфорамциите паднат во трети лица. Дигитализацијата на институциите е неопходна, но пред се мора да внимава на злоупотреби над институциите кои располагаат со овие информации е ставот на експертите околу новите предлог измени на Законот за банки.

Токму ваквите сомнежи се причина Асоцијацијата на банки остро да реагира:

„Увид во трансакциските сметки на клиентот претставува директна повреда на неговата приватност, навики, начин на живеење, со што може да се направи непоправлива штета доколку податоците бидат доставени до трети неовластени лица или бидат објавени во јавност. Ова може негативно да влијае на довербата на граѓаните во банките, која макотрпно се гради последниве 20-тина години“ – велат од Македонската асоцијација на банки.

Пред да влезе во процедура во законот треба прецизно да се утврди чувањето и уништувањето на ваков тип податоци. Предлагач на законот е министерството за финансии кое има намера да овозможи пристап до овие инфорамции и на царинската управа, но не преку софтвер туку со писмено барање.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ