Со телото за национално помирување ќе претседава собранискиот спикер

За денеска во собранието закажани се две пленарни и седници на четири собраниски комисии. Се очекува во текот на денот, од осуммината независни пратеници кои гласаа за уставните измени, до претседателот на собранието Талат Џафери да пристигне иницијативата за тој да раководи со телото за национално помирување, а негов заменик да биде член од новата пратеничка група.

Ова беше догворено на вчерашната средба на независните пратеници со премиерот Заев, на која беше договорено владата во нацрт амандманите на Уставот кои ќе бидат поднесени до Собранието да бидат внесени и барањата на осумината опозициски пратеници.

Заев рече дека низ националното тело за помирување ќе треба се најдат механизмите за помирувањето за обвинетите од 27-ми април, и смета дека поднесениот закон од ВМРО ДПМНЕ за целосна амнестија на обвинетите е неприфатлив. Верува дека во Координативното тело за помирување ќе се вклучат сите пратенички групи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ