Со субвенцијата на придонесите 45.000 работници добиле повисоки плати

Околу 45.000 работници во земјава добиле повисоки плати во просек за 4.100 денари. Газдите им ја покачиле платата користејќи ги субвенции за придонесите кои ги плаќа државата.Власта планира да потроши 39 милиони евра од буџетот, за да ги натера газдите да го одврзат кесето, или да дадат зголемување од 600 до 6.000 денари.Но, нема податоци кои плати растеле – дали најголем дел од парите се искористени за субвенции за зголемување на минималецот од 12.500 на 14.500 денари или и за другите плати.

„За месец октомври 422 работодавачи за 6.584 лица користеле право на субвенцииза придонеси во износ од 6.474. 587 денари. Додека за месец ноември 2019 година оваа бројка е значително повисока и изнесува 7.613 работодавачи за 44.940 лица искористиле право на субвенционирање на платени придонеси во износ од 77.573.565 денари“- изјави Сања Лукаревска, директорка на УЈП

„Вкупниот број на вработени во реален сектор е околу 490.000 вработени. 9 проценти од вкупната бројка на вработени во реален сектор добиле зголемување“ – изјави Мила Царовска, министерка за труд.

Работодавачите признаваат дека има газди кои се уште бараат од работниците да им вратат на рака дел од платата и надоместоците. Велат тоа е кривично дело и мора да сузбие. Но според нив има и поинква пракса.

„Знаете јас знам и вакви случаи. Работниците од најразлични причини сакаат пара на рака, ова што велите во угостителство и на крајот на денот кога се завршува дневниот пазар  се вадат пари се остава не знам 1.000 денари, не знам колку се пазарени со газдата на рака, а потоа само формално газдата тие пари ги внесува на нивните сметки и си ги враќа. Значи парите претходно ги дал“.- вели Димитров.

Власта очекува, со оваа мерка, до февруари идната година повисока плата да добијат 20 проценти од работниците во приватниот сектор.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ