
Со смарт телефони камионџиите во борба против корумпирани полицајци и цариници
Полицаец на премин на северната граница побарал мито од десет евра од камионџија кој згрешил коловозна лента, со ветување дека нема да му пише казна од 300 евра. Настанот се случил вчера, а полицијата дознала откако камионџијата преку ИТ апликација пријавил во МАКАМТРАНС.
Во истиот момент е известено и МВР по што е почната истрага. Ваквите случаи со барање на мито или со спречување на шверц на мигранти, камионџиите ќе може да пријавуваат откако владините служби и асоцијацијата МАКАМтранс го потпишаа меморандумот за соработка.
На било која граница македонска или надворешна граница на Европската унија, камионџиите доколку се соочат со барање на мито или со шверц на мигранти ќе може да пријават преку апликацијата, а во конкретните земји истиот момент ќе добијат информација за побараното мито преку Европол.
Најголеми проблеми камионџиите имаат во Хрватска бидејќи без разлика како се случило, тие секогаш се виновни за нелегални мигранти.
Камионџиите и транспортерите кои превезуваат околу 96 проценти од македонскиот увоз и извоз ќе може да пријавуваат и нерегуларности на цариници, на инспектори за храна и ветеринарство и на сите други службеници кои им бараат мито.
Проектот има за цел да спречи корупција на граничните премини.
Миомир Серафиновиќ