Со скопско комбе и со двоен идентитет- агенти на УБК во мистериозни тајни мисии

Вработени во УБК со двоен идентитет со години работеле на тајни мисии и во акции во и надвор од државата и не доаѓале на работа. Поради отсуството од работа било пријавено во внатрешната контрола на МВР која се посомневала во злоупотреба. Ова е дел од приказната која вчера беше објавена на КОД. За тајните мисии дури било купено и возило кое имало скопски таблички, а во него се ставала и специјализирана опрема за таков вид операции.

Според сознанијата дел од злоупотребите ги има и во доверливите документи кои се најдени кај пратеничката Фросина Ременски при претрес за истрагата за Рекет за меѓународниот сојуз. Таа не сака да прецизира што има во документите и тврди дека не е кривично дело да се имаат документи со ознака државна тајна кои кријат криминал во нив. Прашањето на содржината на тие документи е јавен интерес, вели Ременски, иако во петокот посочи и дека станува збор за шпионажа.

Денеска ресорниот министер за внатрешни работи Спасовски ја префрли адресата за одговор далеку од својот двор- иако внатрешната контрола на МВР го открила тоа.

Од обвинителството молчат, ниту денеска не дадоа одговор на прашањето кое им беше доставено и минатиот четврток. При претресот на домот на Ременски на 9-ти октомври покрај телефони и компјутери биле откриени и одземени и доверливи документи за функционирање на УБК.

За документите, обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја известило новата Агенција за национална безбедност (АНБ) за да се провери веродостојноста на содржината.

Миомир Серафиновиќ

Емисијата КОД со истражувањето за двојниот идентитет на тајните агенти е на наредниот линк.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ