Со што располага македонската навигација – радари без резервни делови, опрема од минатиот век

Колку е безбедно македонското небо и со каква опрема располаат скопскиот и охридскиот аеродром и контролорите на лет? Во планот за набавки кој М-НАВ го има изготвено на 28 февруари годинава а кој се однесува на опремата која во моментов се користи стои дека најголем дел од опремата е застарена, неколку фирми од кои е набавена веќе не постојат, резервни делови повеќе не се произведуваат или наскоро ќе ги снема.Европската банка за обнова и развој во 2013 година одобри кредит од 11,1 милиони евра за модернизација на опремата но шест години подоцна речиси ништо не е набавено или набавката е во почетна фаза.

Постоечкиот АТМ системот за контрола на летање е поставен во јануари 2002 година и според извештајот на М-НАВ неговите капацитетите се веќе надминати поради зголемениот сообраќај. Набавката на новиот систем, од фирмата „Леонардо“ е во втора фаза а почетокот на функционирањето зависи од изградбата на новата контрола кула, процес кој е заглавен поради немање локација. Најоптимистичките прогнози се дека ќе биде функционален на почетокот на 2021 година.

ВРРС системот кој се однесува на снимање на разговори и гласовни пораки, според извештајот е инсталиран во 2001 година, не е копматибилен со постоечките стандарди и резервни делови повеќе нема на пазарот. Тендерот за набавка на нов систем е е потпишан на 30 јуни 2016 година, првата фаза е завршена и системот е испорачан но не може да биде ставен во функција бидеќи треба да биде поставен во новата оперативна кула чија што изградба не е ни на повидок.

АВОС системот кој ги следи условите на небото односно ги сумира метеролошките податоци е во функција од 1997 година. Купен е од американска фирма која повеќе не постои. Сензорите се стари и нема поддршка за одржување, не може да се надгради и нема резервни делови на пазарот. Тендерот во јули 2015 година го добива холандската фирма Телвент кој доцни со испораката. Според извешптајот поради доцнењето системот би требало да биде оперативен во април оваа година, но ТЕЛМА нема информации дали е функционален.

Радарот на охридскиот аеродром е од типот МССР кој е поставен во 2006 година повеќе не се произведува и затоа се набавува нов, предвиден со кредитот на ЕБОР, модерен Моуд С радар кој е предвидено да функционира во наредните 15 години со можност за негово надградување. Во март 2016 година тендерот го добива шпанската Индра. За да биде пуштен во функцина потребмо е да се извршат серија тестови кои делумно се одлагаат во текот на 2017 и 2018 година поради френкфенцијата на сообраќајот преку охридскиот аеродром. Според инфромациите на ТЕЛМА овој радар не е компатибилен со постоечкиот АТМ систем за контрола на летање и токму на тоа се должи инцидентот кој бил разгледуван на седница на владата. Во извештајот на М-НАВ стои дека новиот радар треба да биде пупштенм во функција во пред два месеци.

МССР Томсон радарот на скопскиот аеродром е оперативен од 1991 година а антената е модернизирана во 2001 година. Последен пат делови за него се набавени во 1995 година. Во последните неколку години се случуваат серија дефекти и испади на радарот и затоа се користи како бекап. Постои уште еден Селекс радар кој е инсталиран во 1999 година но одржувањето е финансиски неисплатливо. Затоа и за скопскиот аеродром ќе се набави Моуд С радар чија компатибилност со постоечкиот АТМ систем за контрола на летање е дискутабилна. Иако првиот тендер е објавен во мај 2016 година оттогаш претрпува неколку измени и реобрајувања и затоа засега не е избран најповолен понудувач. Според извештајот на М-НАВ последната верзија требало да биде објавена кон средината на април годинава.

Модернизација е потребна на уште два системи. ВХФ радио системот кој го доива фирмата Парк-ер системи, но не може да почне со работа бидејќи инсталацијата се наоќа во воената база и потребни се посебни безбедносни сертификати за лицата кои би работеле. Според М-НАВ проблемот е пред решавање а фирмата Парк – ер се обврзала да ја заврши инсталацијката до крајот на годинава. За вториот Ве-це –ес систем за комуникација тендерот требалоо да биде објавен кон средината на април.

Владини извори за ТЕЛМА тврдат дека во наредните три месеци ќе се направи интервентна набавкана делови за еден од двата радари на скопскиот серодром за да се зачува неговата стабилност и функционалност.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ