
Со ширењето на лажни вести се уништува општеството
Со ширењето на лажни вести се уништува едно здраво општество, рече во вечерашата Топ Тема на Ваша Страна на Телма, уредникот на порталот „Сакам да кажам“, Горан Михајловски. Според него потребно да има регулација во интернет сферата, како што има и за другите медиуми. Што е новинарството ако вестите не се проверени, прашува Михајловски. Клучно е истакна тој, образованието од основно па се до факултет. Немаме новинарски редакции во порталите, ние глумиме редакции, смета Михајловски.
Александра Теменугова потенцираше дека според истражувањето кое го спровел Институтот за комуникациски студии минатата година во април/март преку телефон, од околу 140 до 160 часови по македонски јазик, само десет се за медиумска култура. Младите на возраст од 15-24 години безпоговорно им веруваат на јавните личности кои ги следат на интернет, тоа најчесто се сортисти и пеачи.
Специјалистот по комуникации и нови медиуми, Бојан Крдаловски истакна дека со појавата на социјалните медиуми исплива на површина нашата култура и некултура, политичка и општествена. Суштината на социјалните медиуми е да развиваат дебета и реакција, рече тој.