Вести Со шест вработени и блокирана сметка работи најмалата општина Зрновци
Шестмина админстративци работат и по неколку работни задачи. Бројката е иста колку што еден маалски супермаркет вработува за да ги услужи муштериите.
Најмал број на админстративци, но Зрновци е и најмалата општината на истокот, па и во земјава. Вработувања не се реализираат, бидејќи со години се враќа долгот од 12 милиони денари. Градоначалникот, Блаже Станков долгот го затекнал пред десеттина години. Буџетот тежи околу 35 милиони денари, односно над 550.000 евра. Локалната власт не може да си дозволи нови вработувања оти годишно на располагање има само 63.000 евра, останатото се блок дотации од државниот буџет.
Опозциската ВМРО ДПМНЕ во 11 општини на истокот единствено во Зрновци е позиција, Станков на последните локални избори од граѓаните го доби третиот мандат. Менаџира со три села Зрновци, Мородвис и Видовиште и во сите има водовод и канализација. Проблем кој за жал го имаат поголем број од селата во Брегалничкиот регион. Смета дека еден од најдобрите проекти му е изградбата на градинката, мерка која дел од младите брачни парови ги предомислила да се иселат кон Кочани или странство. Основна гранка за егистенција на населнието е земјоделството.
Малата рурална општина Зрновци се наоѓа на само неколку километри од Кочани, а е сместена под планината Плачковица. Со решена патна инфраструктура, шанса гледа во алтернативниот туризам. Проблеми имаат со недостаток на сместувачки капацитети, но за еднодневни екскурзии можат да ги понудат убавините на кањонот Зрновка, етно парк, а се гради и етно куќа во Зрновци.
Викторија Јованова



