Со секира нападнати полицајци, полициски мотор дел од голема сообраќајка

Тројца се приведени во Скопје и во тетовско Радиовце во два засебни инциденти во кои според МВР биле нападнати полицајци „при вршење на службени дејства“.

Првиот инцидент се случил вчера во тетовско Радиовце околу 17 часот кога две лица се уапсени откако со секира и дрвен предмет физички ги нападнале полицајците кои биле на терен. Уапсените претходно ги омаловажувале полициските службеници, а против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во вториот инцидент е уапсен 43-годишен прилепчанец за време на полицискиот час на бензонска станица во Прилеп. Од МВР тврдат дека приведениот физички нападнал полициски службеници при вршење на службени дејства, поради што ќе му биде поднесена соодветна пријава.

Полицаец на мотор е повреден откако бил дел од сообраќајна несреќа во Ѓорче Петров. Во сударот учествувал и 25-годишен скопјанец кој возел нерегистриран мотор кавасаки, 52-годишен пешак и автомобил ибица. Сите учесници во инцидентот, полицаецот, возачот, моторџијата и пешакот се повредени и префрлени во скопските болници на укажување на лекарска помош. Сообраќајната несреќа се случила вчера претпладне на раскрсницата на улиците Ѓорче Петров и Васил Чакаларов.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ