Со полициски хеликоптер извлечени полицајците од Танушевци- извршена е нивна смена

Од МВР потврдија дека претпладнево е извршена смена на полициските службеници кои по завршувањето на 4-дневната должност, поради длабокиот снег кон караулата Танушевци,  завчера не можеа да бидат заменети со нови гранични полицајци.

Смената е извршена со полициски хеликоптер. Од независниот полициски синдикат вчера соопштија дека проблемот често се појавува и дека навреме не се спроведуваат тендери за расчистување на патиштата кон планинските гранични полициски станици.

Полициската станица е во поранешната армиска караула кај Танушевци на македонско-косовската граница, на планината Скопска Црна Гора.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ