Со поголеми инвестиции до рамномерен развој во југоисточниот регион

Само со зголемување на парите кои што државата ги одделува за регионите ќе се овозможи рамномерен развој, велат од југоисточниот плански регион.

Без сериозни средства кои би се слеале нема да запре миграцијата од село во град и од помалите во поголемите градови, оценува Ѓуркова.

Од министерството за локална самоуправа велат дека иако планските региони се формирани веќе десет години, сепак разликите меѓу регионите, но и меѓу урбаните и руралните средини само се продлабочуваат.

Денеска во Струмица се одржува Меѓународна конференција за рамномерен регионален развој на која се разгледуваа можностите но и искуствата кои ги применува соседна Бугарија во своите региони.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ