Со пет милиони евра може да се врати бањскиот туризам во селото Бање

Бањскиот туризам во село Бање за почеток ќе чини 4,8 милиони евра, покажа физибилити студијата, којашто е изработено од страна на УНДП, како помош на руралната општина Чешиново-Облешево, а која по долги години повторно си ја врати во своја сопственост.

Објектот 15 години е оставен на забот на времето,  во него се се распаѓа, она што вредело е однесено од крадците. Откако пред речиси два месеци медиумите објавија дека се работи на физибилити студијата за овој бањски комплекс почнал и интересот и на домашните и странски инвеститори. Во посета на општините досега дошле инвеститори од Словенија, Турција, Бугарија, а локалната власт ќе има за задача да ја направи канализацијата и влезот во спа центарот. Жителите и покрај тоа што се скептични, сепак имаат надеж дека бањата во нивното село Бање ќе им го врати животот во дел од иселените куќи.

Градоначалникот, Крстев ги отфрла овие ставови  на месното население, забележува дека термоминерална вода има, а спред експертите изворот треба да се прочиси поради неговото долгодишно некористење. Инаку, новиот инвеститор кој ќе инвестира во бањолошкиот центар ќе мора ова објект да го урне, бидејќи станува збор за милионска инвестиција ќе му се даде и под концесија на 35 години

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ