
Со песни и ора – жителите на Струмичкиот регион го прославија раскинувањето на договорот за рудникот Иловица
Борбата против рудници ќе се трансформира во борба против загадувањето. Ова е ставот на активистите од движењето против отворање на рудник над Икловица и Штука кои денеска го прославуваа тригодишниот отпор и одземањето на концесијата на компанијата Еуромакс Рисорсис.
Одземањето на концесијата на Еуромакс ги охрабри граѓанските здруженија, иницијативи и активисти да размислуваат и за следни проекти кои ја засегаат животна средина. Првите планови се сковаа токму денеска, на заедничката прослава.
Рудникот за злато и бакар над селата Иловица и Штука е интересен за инвеститорите речиси две децении, но граѓанскиот отпор порасна откако Гевгелија, а по нив и Валандово побараа од државата да се откаже од издавање концесии за експлоатација поради загриженост дека близината на рудниците со населените места ќе биде штетна за здравјето на населението.
Сузана Мицева