
Со опрема стара 30 години скопските пожарникари се борат против огнот
Ова е популарниот „Дајц“ настарото возило со кое располага скопската противпожарна бригада. „Дајцот“ се користи од далечната 1968 година носи хемикалии и се користи за гасење на пожари во електрични инсталации. Со застарена опрема и недоволен број на луѓе скопските пожарникари секојдневно се на терен гасејќи обидувајќи се да спасат што е можно повеќе човечки животи и имот.
Скопските пожарникари располагаат со педесетина возила а нивната просечна старот е дури триесет години. Најновите две цистерни датираат од 2005 и 2007 година.
Единицата во моментов брои 186 пожарникари. Командантот Симоновски вели дека идеалната бројка е барем двојно повеќе но и со 260 пожарникари би можел ефикасно да функционира.
Летните месеци е периодот кога пожарникарите имаат полни раце работа. Викендов интервернираа на десетина пожари кои успешно ги изгасија а некои пожарникари биле дури 24 часа на работа.
Градоначалникот Шилегов најави дека Град Скопје ќе набави нова опрема за противпожарната бригада. Станува збор за нови возила и скали кои се повеќе од неопходни за непречено и нормално функционирање на пожарникарите.
Покрај тоа ќе се објави и конкурс вработување на педесет нови пожарникари со оглед на фактот дека единицата не е пополнеа со доволен број.
Градот Скопје од денеска воведе нова мерка со која локалните власти ќе го собираат отпадот од стрништата и органскиот отпад од нивните со цел да се намалат ризиците од пожари и загадувањето на воздухот бидејќи досега земјоделците го решаваа овој проблем со палење.
Токму затоа деновиве во Скопје пожарникарите мораа да интервенираат во неколку наврати во населбите Пинтија и Сопиште и селото Љубин.
Земјоделците сега ќе можат да побараат од градските власти да го соберат отпадот, а доколку се одлучат да го запалат ризикуваат да бидат казнети бидејќи градскиот инспекторат отсега ќе користи дрон и аеро снимки за да ја следи ситуацијата.
Огнен Чанчаревиќ