
Со огромно мнозинство изгласан Законот за амнестија
Со 95 гласа За, без против и воздржани, Собранието го донесе Законот за амнестија.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски и Панчо Минов од ГРОМ, непосредно пред гласањето соопштија дека се приклучуваат кон предлагачите на овој закон.
Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села и лидерот на ЛДП Горан Милески ја напуштија салата кога почна гласањето.
За законот за амнестија покрај парламентарното мнозинство, гласаа и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.