Со негативен ПЦР тест во последните 72 часа пред влез во земјава, нема да се оди во карантин, туку во домашна самоизолација

Владата донесе одлука сите оние кои се враќаат од странство со хуманитарни летови или конвои приложат ќе приложат ПЦР тест за коронавирусот Ковид-19 направен во последните 72 часа пред да влезат на територијата на Република Северна Македонија, наместо во задолжителен државен карантин, ќе се упатуваат во задолжителна домашна самоизолација.

Наместо задолжителен државен карантин, задолжителна домашна изолација се определува и за странци за кои Главниот координативен кризен штаб одлучува во случаи на постоење на државен или економски интерес, и кои ќе приложат соодветна медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, со задолжително придржување до протоколите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ