Со МРП вакцинирани речиси 30.000 деца

Македонското министерството за здравство денеска објави дека од почетокот на епидемијата на мали сипаници во земјата вакцинирани се близу 30 илјади деца помлади од 14 години.

Вкупниот број на вакцинирани деца според министерството изнесува 29.857.  Како што се прецизира, од вкупниот број 15.250 деца вакцината МРП ја примиле во Скопје, а 14.607 во внатрешноста на земјата.

Со одлука на владата децата кои не се вакцинирани не можат да одат во градинка, ниту да посетуваат настава во основните училишта.

Инаку како што соопштија здравствените власти во минатата недела се пријавени 70 нови случаи на морбили, што е 17 случаи помалку отколку една недела претходно.

„Кумулативно од почетокот на епидемијата, во декември 2018 година, регистрирани се 1.891 случај на мали сипаници што е 91,4 на 100.000 жители“, наведува Министерството за здравство. Од министерството наведоа дека родителите ја препознале важноста на навременото вакцинирање на децата, како единствема мерка за заштита од малите сипаници.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ