Со маска и отворени прозорци на избори, предложи Комисијата за заразни болести

Протокол во четири дела за изборната кампања изготви Комисијата за заразни болести. Според предлогот, за време и пред активностите на изборната кампања треба да се почитуваат правилата за физичка дистанца од 2 метра и да се носи маска, а при одржување собири мора да се почитуваат веќе познатите мерки за превенција и дистанца за да се избегне концентрирање на луѓе на поголем простор. Во кампањата „врата до врата“ претставниците на партиите мора да држат доволно растојание со граѓанинот или соговорникот.

На денот на изборите сите членови на избирачките одбори мора да имаат маска, прозорците мора да се отворени, а во просторијата да нема повеќе гласачи од бројот на боксови за гласање. Избирачите ќе мора да носат маска, која на кратко ќе ја тргнат додека се легитимираат. Дезинфекцијата на рацете ќе биде задолжителна при влез и излез од гласачкото место.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ