Со маршови и протести Независниот синдикат на полицијата до нови колективни договори

Со постојани протести и маршови Независниот синдикат на полицијата ќе врши притисок врз власта за потпишување на поединечни колективни договори за затворската и шумската полиција. Овие две служби се соочуваат со најголеми проблеми, имаат ниски примања, и недоволна опрема. Тие протестираа пред министерствата за правда и земјоделие. Не се повлекуваат се до конечно исполнување на барањата.

Кабинетот на министерот за земјоделство ги прими Синдикалните претставници на шумската полиција.

Од министерството за земјоделство по средбата истакнаа дека се бараат средства за набавка на униформи и ќе се потрошат 1 милион денари за уредување на шумско-полициските станици.

На средбата се разговараше за потпишување на Колективниот договор, и при тоа беше договорено да се формира работна група за да се подготви Колективен договор кој што ќе придонесе за поголема ефикасност на Шумската полиција и зголемување на платите на вработените.

Барањата за прием на затворската полиција првично не беа прифатени од правда каде се чека избор на новиот министер. Но, синдикатот смета дека тоа не е изговор бидејќи надлежност имаат и директорите на затворите и директорот на управата за извршување на санкции.

Полицискиот синдикат бара и нови вработувања во затворската полиција со можност за ангажирање на пензионирани професионални војници, подобра опрема. Без исполнување на овие барање ќе има нови блокади на булевари.

Христијан Станоевиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ