Со маѓународна потерница се бара поранешниот директор на ФЕНИ, Миракхмедов

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница за поранешниот директор на „Фени индустри“ Јусуф Миракхмедов, кој е осомничен во истрага за сторени кривични дела Перење пари и други приноси од казниво дело и Злоупотреба на службена положба и овластување. Миракхмедов за директор во „Фени индустри“ беше  поставен од поранешниот сопственик „Кунико рисорсис“ во периодот од 2015 до 2017.

Во ноември 2017, Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава за Миракхмедов, бидејќи во текот на истрагата утврдила дека тој незаконски отуѓувал резерви на фероникел и друга руда од фабриката.

Во декември истата година таа поднесе и втора кривична пријава против него, поради основано сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување. Миракхмедов направил неоснован отпис на незастарени побарувања на Фени, со што се сомничи дека ја оштетил фабриката за 51,5 милиони американски долари.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ