(фото) Со ловечки полуавтоматски карабин, поранешниот амбасадор Тони Димитровски му се заканил на својот сосед

Со ловечки полуавтоматски карабин, поранешниот амбасадор Тони Димитровски му се заканил на својот сосед во зграда на Водно. По пријавата, полицијата му нашла и му одзела три пушки и три пиштоли кои дома ги поседувал легално и со дозвола.

Полицијата потврди дека против Димитровски ќе биде отворена кривична постапка за дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, а исто така ќе биде покрената и управна постапка за одзеамње на оружјето и на муницијата најдена во домот на пријавениот.

За кривичното дело законот пропишува парична казна или затворска до 6 месеци.

Полуавтоматска пушка од типот ЦЗ M90SA со каква се заканувал поранешниот амбасадор. Станува збор за ловечки карабин на кој може да се стави и снајперски нишан

Причината за репетираниот карабин е претходна расправија меѓу Димитровски и неговиот сосед за влезната врата. Кога соседот му заѕвонил на врата, Димитровски му ја покажал пушката М90, ја извадил рамката и му покажал дека е полна.

Потоа амбасадорот ја вратил рамката во пушката, ја репетирал и така наполнета ја свртел кон соседот кој пријавил во полиција. Димитровски е поранешен амбасадор на Македонија во Љубљана од каде по 4-годишен мандат се вратил лани. Претходно бил и дипломатски претставник во конзулатот во Солун.

Димитровски во време кога беше Амбасадор во Словенија

Во моментот според неговите податоци на социјалните мрежи, Димитровски е советник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ