Со културно-забавна програма Дојран се обидува да ја збогати туристичката понуда

Со културно-забавна програма Дојран се обидува да ја збогати туристичката понуда среде сезона. Во екот на летото кога е најголема гужва од посетители на дојранското крајбрежје, општината бара начини да го промовира домашното културно и гастрономско наследство.

Дојранска риба на жар и вина од домашни винарии синоќа беа изложени на штандовите крај брегот. Учесниците коишто изложуваа специјалитети велат дека тие се силен адут за привлекување гости.

Нестабилното време од почетокот на летото го задоцни почетокот на туристичката сезона во Дојран. Според локалната власт, бројот на остварени ноќевања годинава е под просекот остварен за истиот период лани.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ