Со кого разговараше Груевски во Будимпешта?

Ден по објавеното видео на Груевски во ресторан во Будимпешта, се уште нема информации со кого се сретнал таму и за што разговарал. Унгарските медиуми немаат потврда дали станува збор за унгарски или за турски државјани.

Вчера од обвинителството, каде веќе отворија истрага за неговото бегство, рекоа дека ќе го повикаат и придружникот на Груевски од фотографијата, Александар Трајковски. Нему му тече боледувањето во царината, а од партијата не потрвдуваат дали отишол кај Груевски по партиска задача или приватно.

Од СЈО најавија дека доколку не дојде на рочиштето в понеделник за „Шамарите во Центар“ ќе бараат притвор за него.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ