
Со измените во Кривичниот законик, два од предметите на СЈО постои можност да застарат
Со измените на Кривичниот законик се отвора можност предметот „Тотал“ на СЈО, каде обвинет е новинарот Драган Павловиќ Латас делумно да застари, предупредија од невладините кои се дел проектот „За правда“. Во КЗ се додава ново кривично дело, даночна измама, кое повеќе одговара на описот во обвинението за „Тотал “ отколку делото даночно затајување за кое одговара Павловиќ но клучната ралзика е во казните. За сегашното дело се предвидени најмалку 4 години затвор но доколку СЈО или судот го преквалификуваат во даночна измама казната е од 6 месеци до 3 години што значи дека делата сторени до 2012 година ке застарат а ќе останат оние кои од 2013 до 2015, објаснуваат од коалицијата „Сите за правично судење“.
Вториот предмет на СЈО за кој постои реално сценарио за апсолутна застареност е „Труст“ против бизнисмените Кочан и Авриовиќ. И овде со законски измени се намалуваат казните за делото злоупотреба на јавна набавка. Невладините пресметале дека застареност ќе настапи за две години. Пресудите за Кочан и Авировиќ од 6 и 3 години затвор се уште не се правосилни и ако апелација го врати предметот на повторно судење, пости опасност тој да застари, но конфискацијата која во случајов е во вредност од 17 милиони евра велат не застарува.
Невладините велат зошто има застој во реформа на Советот за јавни обивнители а во однос на Законот за судски совет бараат Собранието да организира јавна расправа бидејќи претходно дискутирале за закон поинаков од оној кој сега е пред пратениците.
Граѓанските организации од проектот „За правда“ на брифинг со новинарите ги анализираа клучните закони од судските реформи. Ги истакнаа позитивните законски промени но и забелешките, како онаа дека за дел од измените во КЗ нема ниту соодветно образложение зошто се носат.
Елена Ивановска Мукоска